Browser not supported

You are using an old browser that we do not support anymore. Please consider using a modern web browser such as Microsoft Edge, Google Chrome or Firefox for the best website experience.

ACO. we care for water

ACO е Water-Tech компанија која ја штити водата. Врз основа на нашето глобално знаење за одводнување, кое ги штити луѓето од вода, сè повеќе ја гледаме нашата мисија и како заштита на водата од луѓе.

Со ACO WaterCycle, ACO обезбедува системи кои ја собираат и насочуваат, чистат, задржуваат и на крај ја реупотребуваат водата. На овој начин, ACO придонесува за зачувување на чистите подземни води како витален ресурс и дава придонес за иднината. Во својата Агенда 2030, глобалната заедница на Обединети Нации го постави подобрувањето на квалитетот на водата како една од 17-те цели за одржлив развој.

Интелигентните системи за одводнување од ACO сè повеќе користат паметна технологија за да обезбедат управување со дождовната и отпадната вода или нејзино привремено складирање. Со иновативна технологија за раздвојување и филтрирање, спречуваме загадување на водата од штетни материи како масти и масла, горива, тешки метали и микропластика.

Денес, ACO оди чекор понатаму: го прифаќаме предизвикот за повторна употреба на водата и на тој начин воспоставуваме циклус за заштеда на ресурси. За сите производи и системи, ACO придава големо значење на долготрајноста, повторната употреба и низок јаглероден отпечаток. Потрагата по одржливост е постојан процес кон кој се стремиме секој ден.

ACO Group е глобален семеен бизнис кој е еден од водечките светски лидери во сегментот Water-Tech. Основана во Германија во 1946 година, групацијата работи како транснационална мрежа во над 50 земји. Низ светот, ACO се карактеризира со висок степен на децентрализирано управување и изразена близина до регионалните пазари.

Ние ги произведуваме нашите системи со обработка на полимербетон, не'рѓосувачки челик, пластика, леано железо и армиран бетон. Сите процеси на производство се еколошки и иновативни, затоа нашите производи ги исполнуваат сите современи барања за технологија, заштита на животната средина и одржлива градба.

ACO Group

Креативната работа е поуспешна во креативно опкружување. Уметноста е составен дел од корпоративната култура на АСО.

NordArt

Друг фактор за лидерството на АСО: веруваме дека условот за успехот е комуникацијата . Со ефикасно управување на знаењето, ние ги искористуваме предностите на поврзување на креативноста, иновацијата и искуството на меѓународно ниво и споделување на оваа експертиза со нашите клиенти и партнери.

ACO Academy