Browser not supported

You are using an old browser that we do not support anymore. Please consider using a modern web browser such as Microsoft Edge, Google Chrome or Firefox for the best website experience.

Системите за одводнување за автопати вклучуваат решенија за области со густ сообраќај, како и за паркинзи и сервисни простории. Издржливоста и безбедноста се на прво место.

Автопати

ACO Monoblock RD

  • Монолитни канали за одводнување од полимербетон
  • Оптимална стабилност при екстремни оптоварувања
  • Јачина и издржливост за напречно одводнување на автопати
  • Без слободни делови
  • Различни опции за боја: антрацит и природна

ACO KerbDrain

  • Рабници со интегрирани канали за одводнување
  • Монолитен систем без слободни делови
  • Специјални елементи кои обезбедуваат слобода на дизајнот и обликувањето на патни платна

ACO Qmax

  • Слот канали со висок хидрауличен капацитет
  • Различни варијанти на димензии и заштитен раб, во согласност со потребите на проектот

ACO Oleopator G-H

  • Сепаратори за нафтени производи од фиберглас
  • Мала тежина и висока издржливост
  • Можност за длабока инсталација
  • Висока хемиска отпорност

ACO HMS

  • Филтер за тешки метали за одводнување на големи области
  • Направено од армиран бетон
  • Висока ефикасност на седиментација и филтрација
  • Компактна конструкција
  • Лесно одржување

ACO Stormbrixx

  • Систем на инфилтрација за задржување, контролирано празнење и апсорпција на дождовни води
  • Флексибилни елементи од композитен материјал со мала тежина
  • Слободен пристап за инспекција и одржување
  • Оптимална стабилност

Како глобален лидер во технологијата за управување со површински води, АСО применува професионален пристап кон различните видови проекти. Нашето долгогодишно искуство во градежништвото и реконструкцијата на инфраструктурните објекти, како и нашата меѓународна експертиза, се основа на иновативни решенија што ги развиваме заедно со експерти од областа. АСО е партнер на Европските организации за стандардизација и го потпомага развојот на концепти за безбедност, издржливост и еколошки решенија при изградбата на патната инфраструктура.

Предизвици при проектирање, изградба и одржување на патишта

Аквапланирање

Преминот на вода низ коловозот кога наклонот се менува во преодната кривата е претпоставка за аквапланирање и една од најчестите причини за несреќи.

Задржување на водата на патното платно

Во случај на мала надолжна падина или во области на хоризонтална крива, водата може да се задржи во лентата за претекнување или во поголема површина од патот.

Истурање на опасни материи и раздвојување на тешки метали

При инцидентот и истурање на опасни материи, тие може да паднат во соседните почви и водоприемници. При движење од гумите и сопирачките системи на автомобилите се испуштаат тешки метали, кои се опасни за почвата и водите.

  • EN 1433:2003 Канали за одводнување за транспортни и пешачки зони
  • EN 858:2003 Системи за оддвојување на лесни течности (например нафтени производи и бензин)