Browser not supported

You are using an old browser that we do not support anymore. Please consider using a modern web browser such as Microsoft Edge, Google Chrome or Firefox for the best website experience.

ACO ShowerDrain C Black

Неминлив стил во дизајнот на ентериер

Црната боја секогаш ќе биде модерна. Без разлика дали станува збор за модата, автомобилски дизајн или ентериер, црното секогаш е синоним за стил и неминливата естетика. Тековните трендови за бања се инспирираат и свртуваат повторно кон стилот на висока класа на СПА и чувството на релаксација. Новата линија ACO ShowerDrain C во стилска црна боја следи чиста и минималистичка естетика, создавајќи длабочина и расположение.

Неминлив дизајн

Стандардизирана палета со три димензии и стилска решетка во црна боја. Црната визија на туш-каналот идеално кореспондира со природни прекривки како мермер и камен а исто така и со дизајнерските додатоци во вашата бања.

Удобност при проектирање

Одлична комбинација помеѓу визија и функционалност, без оптички прегради во просторијата. Погоден е како за јавни така и за станбени проекти.

Избор од димензии

ACO ShowerDrain C Black се предлага во стандардни должини од 685,785 и 885, како и можност за димензии по нарачка. За секоја инсталација, која си помислите - вклучувајќи и санитарни простории со пристап за инвалиди, согласно европските барања.

Одличен хидрауличен капацитет

Туш-канали со одличен хидрауличен капацитет до 0,6 l / s за гаратнирано оптимално одводнување на просторијата.

Туш-канал со хоризонтални прирабници во комплет со решетка Black

Туш-канал со вертикални прирабници во комплет со решетка Black

ВисинаДолжина [mm]

Сифон - 45mm

Тело - 20mm

685, 785, 885
*Опцијата со вертикална прирабница е решение по нарачка.
Прирабница за хидроизолација

Вертикална или хоризонтална прирабница за примена на подмачкана хидроизолација, која гарантира сигурна врска и водоотпорност на подрачјето за туширање.

Сифони

Можност за вертикално или хоризонтално испуштање. Вклучени се сите потребни компоненти.